,

Нахрани 1000 На 17ти октомври во Скопје: Најмасовна акција за донирање на хранa

Граѓанската иницијатива Мрдни со ПрстЦрвен Крст на Град Скопје, организацијата Ајде Македонија, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства Љубезност, Сојуз на извидници на РМ и организацијата АДРА, на 17ти октомври (вторник), во периодот од 10:00 до 19:00 часот, за сите заинтересирани граѓани, ќе бидат достапни 5 штандови за донирање на храна во Скопје. Штандовите каде во вторник ќе може да се донира храна, ќе бидат поставени на следните локации: Плоштад Македонија, пред Скопје Сити Мол кај Плеј кафе, во Аеродром пред Веро, пред Дом на Градежници и во Ѓорче Петров пред Тинекс. Податокот дека 445.000 граѓани во Македонија можат да обезбедат само еден оброк на ден, доволно говори за потребата од адресирање на оваа тема и размрдување и активирање на граѓаните. Во вторник на 17-ти октомври ќе собираме храна за бездомниците и за сите загрозени семејства на кои храната им е најпотребна во моментов. Пакетите ќе се прават на самото место заедно со граѓаните коишто ќе донираат. Се надеваме на огромен одзив од страна на граѓаните, но и од страна на бизнис заедницата и компаниите до кои беа испратени писма за нивно активно вклучување кон акцијата. Целта на акцијата Нахрани 1000“ е поттикнување на солидарноста, како и подигнување на општествената свест за донирање на храна на оние на кои таа им е најпотребна. Организаторите за граѓаните и компаниите составија список на потребни производи коишто ќе може да се донираат на пунктовите: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук. Повеќе информации за оваа иницијатива се достапни на Фејсбук настанот за Нахрани 1000“.