ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Научете ги децата да бидат среќни!

Си одел еднаш стар мудрец по пат, ја набљудувал природата и уживал во силните пролетни бои. Одеднаш здогледал еден маж кој на рамениците носел тежок товар. Дури и нозете му се треселе од тежината. 

Мудрецот прашал: 

„Зошто самиот се осудуваш на толку тешка работа и страдање?“ 

Човекот одговорил: 

„Се мачам за моите деца и внуци да бидат среќни. Мојот прадедо се мачеше и имаше тежок живот за доброто на мојот дедо, дедо ми за доброто на татко ми, татко ми заради мене, а јас ќе се помачам за среќата на моите деца.“ 

Тогаш мудрецот рекол: 

„А дали некој во вашето семејство бил среќен?“ 

Човекот вратил: 

„Досега не, но сметам на тоа дека моите деца и внуци ќе бидат среќни.“ 

Старецот го погледнал и му рекол: 

„За жал, неписмениот човек не може да чита, исто како кртот не може да одгледа орел. Најпрво мораш самиот да научиш да бидеш среќен, а дури потоа ќе можеш своите деца да ги научиш да бидат среќни. Тоа ќе им биде најскапоцениот подарок од тебе.“