,

Најдобар извор на протеини корисни за слабеење

Протеините се многу добар избор ако се борите со вишокот килограми бидејќи даваат чувство на ситост и ја поттикнуваат работата на метаболизмот. Во продолжение ќе ви наброиме во кои намирници има протеини и кои треба да ги ставите на вашата листа за исхрана. Јајца Погрижете се денот да го започнете со јајца. При диетите од овој тип дозволени се и до пет јајца дневно. Комбинирајте го појадокот со парче авокадо (кое заситува, а не содржи јагленохидрати), малку путер, малку спанаќ или печурки.

Тофу сирење -Содржи многу манган, а овој минерал се употребува за зајакнување на коските, побрзо варење на јагленохидратите и намалување на холестеролот. Тофу содржи 24 г незаситени масти што е добро за протокот на крвта и забрзување на метаболизмот. Тофу дополнително и ќе ви помогне побргу да се опоравите од тренингот.

Лосос Готвениот лосос е вреден извор на протиени, а освен тоа содржи и омега 3-масни киселини кои се многу добри за слабеење бидејќи поттикнуваат согорување на масностии и даваат чувство на ситост. Освен тоа, лососот содржи и многу малку калории па е идеален избор за сите кои имаат проблеми со вишок килограми. Конзервирана туна Баш како и лососот, и туната има вредни протеини, а разликата е во тоа што конзервираната туна е многу поевтина па е пристапна за сите. Може да се подготви на безброј начини, а многу е вкусна во комбинација со тестенини или како додаток на разни салати.