НАЈДОБРИ И НАЈМЕКИ: Рецепт за совршени палачинки

Оние кои веќе ги пробале овие палачинки се воодушевени и го бараат рецептот за самите да ги подготват. состојки 300 мл минерална вода 200 мл млеко една лажичка масло 2 јајца 250 грама брашно малку сол масло за пржење намази по желба Прво измешајте јајца, сол, вода, млеко, а потоа по малку додавајте од брашното. Измешајте убаво за да нема грутки, туку смесата да биде мазна и дека отстои така неколку минути. Потоа пржете ги палачинките на загреана тава во која сте ставиле само капка масло. Дебечината на палачинката ќе зависи од вас, а и исто така и намази можете да ставите по желба. Крем и банана е комбинација која најчесто се користи.