Најлесно е да се разведеш

Најлесно е. Зборувам за оние кои што најчесто се разведуваат од инает. Не попуштаат, им се насобрало, не си простуваат. Дека ако простиш, треба да заборавиш, треба да не спомнеш пак, но зошто кога може џигер да си вадиш секој ден? Најстрашно е што се разведуваат со нерасчистени сметки. Зборови недокажани, шанси не дадени…тоа подоцна им текнува. Од кога емоциите поради кои заминале ќе стивнат. Гневот, бесот и инаетот од кога ќе се тргнат, тогаш вистината излегува на виделина. Дека си го сјеба животот од инает. Еееее…ај што е сј...но, но дали ќе потегнеш нога да го оправиш? Не. Епа…чорба. Никој не ти е крив што немаш храброст да се соочиш со сопствените грешки. Не е проблем да се разведеш. Секој треба да си ја бара среќата. Но гледај да ги потрошиш сите шанси, да ги средиш сите емоции, замини среќен, а не полн со гнев и бес. Ќе ти остане тоа да ти копа во душа, тие зборовите недокажани зошто си мислел дека другиот не ги заслужува, да не личиш на крпа за под бришење, да не бидеш плачип....та… Нема место за егото во љубовта. Најчесто тоа е проблем. Егото. Судирот на двете ега. Ќе се разведеш и егото со себе ќе го понесеш да ти прави пак проблеми. Не е до другиот и до тебе е. Его на најтивко се става кога е љубов во прашање. Од инает фајде нема. Интелигентни луѓе не се инаетат. Тие ги решаваат проблемите. Инает проблеми не решава, само ги влошува. Љубовта вели јас сè за тебе, ти сè за мене. Да се градиме, да не се рушиме. Егото тоа не го вели. Најлесно е да се разведеш. Но пред да го сториш тоа, прашај го тој до тебе: - Што сакаш? И исполни му сè. Ни А ни Б. Исполни сè. И почекај 6 месеци исполнуваjки сè. Исполнувај само. Може нема цело време да ти биде мераклиски, но нека биде културно, нека биде со фино, без да вадиш низ нос секој ден сè. Е после тоа ако уште не чини, разведи се. Само така си направил сè. Стиши его, стиши инает, пушти љубов на најгласно. Пушти култура, финост и милост на најгласно. За Женски Магазин, Огнените Ѕверови на Дамјана