На патот кон еднаквоста

Симон Де Бувоар, Ерика Јонг, Мери Волстонкрафт, и други познати и признати жени-борци за правата на жените или, како што ги нарекува Бувоар, вториот пол, и ден денес се актуелни, односно и во 21 век, во ерата на глобализација, интернационализација, компјутеризација и бум во развојот на научните технологии, правата на жената се се уште под лупа. Не случајно оваа колумна го носи насловот на патот кон еднаквоста, бидејќи  патот го одиме, но има уште долги километри додека да стигнеме до крајната дестинација, а тоа е еднаквоста. Пред фактите и боговите молчат или во Диркемовски стил фактите се закон, а фактите во случај на родова еднаквост, посебно во политичка конотација, се далеку од поволни. И колку и некој да сака да биде саркастичен и метафоричен, а не ретко и злобен, алудирајќи на контестот дека постојано се говори за женски права и дека тоа е веќе надмината тема, апсолутно треба да се игнорира таквиот став, бидејќи се додека не се постигне еднаквост, во секој сегмент, меѓу двата пола, се дотогаш ќе има потреба од дебати, НВО активизам и притисок врз носителите на јавна власт за постигнување на еднаквост во вистинска смисла на зборот. Ајде да почнеме со бројот на жени кандидатки за градоначалнички и советнички, во склад со изборите кои се во тек и ќе се увериме во поразителните бројки. Целата колумна на Проф. Д-р Татјана Стојаноска Иванова прочитајте ја на овој линк