,

На хуманата акција и се ближи крај: Елките во Скопје Сити Мол чекаат подароци за дечиња од Сопот

Вкупно 300 подароци за 12 медиуми досега се собрани под елките кои се наоѓаат во Скопје Сити мол како дел од хуманитарната кампања „12 елки – 12 медиумски приказни“. Акцијата трае до 4 јануари, па затоа ве повикуваме да донирате новогодишни подароци под елките, кои се наоѓаат на вториот кат во Скопје Сити мол. Подароците кои во пресрет на Божиќ и Бадник ќе им бидат доставени на семејствата ќе израдуваат три дечиња од светиниколското село Сопот.

 Ајде заедно да им ги обоиме празничните денови кои следат и да ја покажеме хуманоста на дело.

Донирајте и вие. Бидете дел од детската радост за Нова Година. Да им дадеме можност да уживаат во своето безгрижно детство на вистински начин.

Приказната за семејството каде ќе се донираат подароците прочитајте ја тука.

Живот во сиромаштија: Да му помогнеме на петчлено семејство да ја преживее зимата