,

Неколку совети како да станете модна икона

Ако сакате да изградите сопствен стил или само да експериментирате и да пробате нешто ново, постојат неколку чекори кои ќе го подобрат вашиот стил. Запознајте го обликот на вашето тело Прв чекор за креирање на совршен стил е запознавање на обликот на вашето тело. На тој начин полесно ќе може да одберете модни парчиња кои подобро ќе ви стојат. Исто така, кога одите на шиоинг викнете ја најдобрата пријателка која секогаш ќе ви помогне во бирањето на модните парчиња. Најдете го вашиот заштитен знак Најголемиот број на модни икони имаат свој заштитен знак по кој се препознатливи. На пример, Ана Винтур е позната по своите очила за сонце, па затоа и вие може да си го одберете вашиот заштитен знак. Инвестирајте во облека која ќе ја носите неколку пати Вашиот препознатлив стил е нешто што секогаш ќе го носите, па затоа фокусот нека ви биде на облека која сакате да ја носите. На пример, ако сакате да носите фармерки, тогаш следниот пат кога ќе купувате повеќе внимание посветете на овој моден детаљ. Пронајдете ја својата модна инспирација   Пронајдете ја инспирацијата во познатите модни икони. Одлични идеи може да најдете кај Меланија Трамп, Брижит Макрон или пак кај некои познати блогерки на Инстаграм. Креирајте сопствена “униформа“   Можеби зборот „униформа“ ви звучи досадно, но сите модни икони имаат униформи и ја носат за време на викенд, на работа или пак секој ден.  Станува збор за идеална комбинација која може да ја носите во секоја прилика, но тоа не значи дека секогаш мора да изгледате исто. Може да комбинирате разни комибинации и да изгледате одлично.