Не дозволувајте туѓото незадоволство да го уништи вашето задоволство

Колку пати досега сте сакале на своите најблиски да им кажете некоја убава вест, нешто што вас ве израдувало, па наместо среќа, добивате негативни коментари. „Е како сега“, „А ако те зафркнат“, „А ако те излаже“, „Па не знам дали да прифатиш“, „Скапо е“, „Ај подобро немој“ и така коментар до коментар кои само ви ја уништуваат енергијата и ентузијазмот. Но, дали вие сте виновни поради ваквите реакции? Секако дека не, незадоволните луѓе не можат да го видат вашето задоволство, па затоа се обидуваат да го нарушат. Колку се ретки луѓето кои ќе ви кажат „Супер“, „Браво, „Само напред, „Со среќа“. Еднаш седев на автобуска станица чекајќи го својот автобус за да си заминам за дома. Додека чекав сурфав на интернет за да ми помине времето. Кога одеднаш гледам оглас во една компанија во која отсекогаш сакав да работам. Пратив оглас и после два дена ме викнаа на интервју. Ми рекоа дека ќе ми се јават. Кога кажав на своите другарки беа пресреќни за мене. Но, коментар на една познаничка ми ја уништи енергијата. „Е ќе се снајдеш ли“; „Тоа е сериозна фирма“, „Па зошто да работиш ако не ти стигнуваат доволно пари“ беа дел од нејзините коментари со кои успеа да ми ја расипа почетната волја. Затоа никогаш не се повикувајте на туѓите зборови кои можат да ви влијаат негативно и да ве спречат во вашите цели. Секогаш бирајте го изборот кој е најдобар за вас. Зарем би давале пари за расипана храна, за искината облека, за нешто што не вреди? Не, нели? Тогаш не го трошете ни времето на луѓе што не вредат. Не дозволувајте нивните перцепции и незадоволства да ви уништат вашето задоволство и желбата за успех. За Женски магазин, Христина Ѓоргиевска