Ние не сме уморни од животот, уморни сме од разочарувања, измами и повреди!

Не сме ние уморни од животот, уморни сме од разочарувањата, повредите и измамите од други, уморни сме од нечовечкото однесување на кое луѓето навикнаа да ги решаваат работите. Уморни сме од самосожалувања во кои себе се гледаме само како жртви на околности и други луѓе без никакви можности сами нешто да промениме. Уморни сме од непрестајни стравови дека ќе паднеме, ќе изгубиме или ќе бидеме изманипулирани, оставени, а на конец гледаме дека се залутани во некоја слепа улица без можност да видиме подобро утре. Не сме уморни ние од животот, уморни сме од вртењето назад, непрестајно гледање во минатото, барање во нив златни времиња и сеќавања на подобри денови кои веќе нема да се повторат. Уморни сме од чувства дека секогаш нешто ни недостига за да бидме целосни, среќни и силни. Уморни сме од зборови кои ги изговоривме а сфативме дека ништо добро не ни донеле, уморни сме од очекувања дека утре животот ќе биде подобар а се продолжило со исто темпо. Не сме уморни ние од животот, уморни сме од докажувања на другите дека сме во право, докажување на своите идеи, соништа, верски убедувања. Уморни сме од чувство на помала вредност, недостиг на верба во себе, неавтентичност во која се појави тешкотија, грижа и останати чувства кои направија да потонеме и да се прашаме зошто е животот и дали се исплати да се живее . Не сме Уморни сме од животот, ние сме желни за живот, желни сме за оние убави чувства, желни за внимание, нежност, убави зборови, желни некој да каже дека нѐ сака и да ја возвратиме љубовта. Но премногу живеевме во сенка, во онаа темна страна да сме помислиле дека само тоа е животот и нема други можности. Желни сме да се потпреме на нечие рамо, да слушаме нечиј глас и да чуеме отчукување на нечие срце, тоа е она единствено вредно за што вреди да се живее. Го сакаме тоа, не сме уморни од тоа!