Никогаш не е вистинско време да им кажете на децата дека ДЕДО МРАЗ не постои

Постои ли Дедо Мраз? Како стигнува да ги посети сите деца на светот? Нема родители кои не биле соочени со овие прашања. Но треба ли на децата да им се каже вистината? Психолозите сметаат НЕ! По природа се љубопитни, разиграни, креативни, и имаат богата фантазија. Битијата од фантазијата посебно се важен и дел од развојниот пат на предшколските деца. „Верувајќи во Дедо Мраз, веруваат во чуда, добрина и подарувања. На родителите често им е жал да ја разбијат магијата на Божиќ и се грижат дека детето ќе се разочара. Родителите и експертите кои работат со деца, понекогаш забораваат дека децата знаат да ни го покажат најдобриот пат. Поради тоа одговорот на прашањето кога на детето треба да му се каже дека не постои Дедо Мраз гласи-НИКОГАШ. Но можеме искрено и на соодветен начин на детето да му одговараме на прашањата-појаснува детскиот психолог Миа Роја. И американските експерти сметаат дека верувањето во Дедо Мраз е позитивно. -Воопшто не е лошо децата да веруваат во митот за некој кој се обидува да ги направи луѓето среќни-вели др. Метју Лорбер, психијатар во болницата Ленокс Хил во Њујорк. Фантазијата е нормален дел од развојот и помага во развивање на креативни умови, продолжува Лорбер. -Тоа е вистинска вредност и нешто што ги инспирира-вели Лорбер. Децата веројатно во времето на тргнување во школо ќе почнат со прашања бидејќи тогаш се во мисловен развој и влегуваат во нова фаза, во која конкретни и опипливи работи се во фокус на нивно внимание. Фантазијата постои и понатаму, но децата бараат се повеќе објаснувања и засолништа во реалноста. -Ако забележат децата дека тато се облекол во Дедо Мраз, можете да им ја кажете вистината-татковците и мајките му се помагачи на Дедо Мраз кои шират радост во своето семејство. Пораката која сакате да ја пратите е, иако Дедо Мраз не е вистински, тој живее таму каде се е можно-во нашите срца, душа, фантазија и радост. Симболизира божиќен дух, заедништво, дарување, и грижа едни за други, а мама и тато помагаат во тоа, како што и децата ќе прават еден ден кога ќе пораснат-истакнува Роја.