,

Новата реклама на McDonald’s со песна од каталогот на Филтер Лабел

Најновата реклама на McDonald's за нивните Maestro сендвичи искористи песна од каталогот на македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање на музика Филтер Лабел. Креативниот директор кој работеше на рекламата имаше идеја да направи нешто поинакво од досегашните промо клипови на брендот и побара песна што на конечниот производ ќе му даде стилизиран ретро призвук. The Dust Settles Down од групата The Lovely Intangibles е една од петте песни што Филтер Лабел ги предложи и беше веднаш прифатена со образложение дека совршено одговара на замислата на режисерот поради “уметничкиот кул звук” на бендот. Рекламата е наменета за телевизиите во Полска, а започна да се емитува денеска. Инаку, ова не е прв пласман на песна од каталогот на Филтер Лабел во реклама на светски познати брендови. Досега, музика од каталогот на македонската компанија се има појавено во реклами на Nike и Philip Morris, како и во повеќе серии и филмови, меѓу кои и The OA, Nikita, CSI: Las Vegas и The Matrix Revisited. Новата реклама на McDonald's со музика од The Lovely Intangibles може да се погледне и на на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=o_jeXCFTtWQ&feature=youtu.be