,

Нова книга за деца од писателката Марина Мијаковска

„Новогодишни детски песни“ (2017) е најновата книга на писателката Марина Мијаковска. Тоа е прватa книга на Мијаковска наменета за најмладата популација. Во „Новогодишни детски песни“ има четириесет песни за деца од различни возрасти. Стихозбирката ги воспева: новогодишниот амбиент и веселите празнични бои во Македонија; празнувањата и обичаите за Нова година; Дедо Мраз; Снешко; новогодишната елка, снежниот зимски амбиент, итн. Книгата е повеќенаменска, интерактивна, и ја развива креативноста кај децата. Мијаковска им нуди можност на децата да ги читаат песните, да ги обојат новогодишни илустрации и низ игра самите да напишат песна од најголемите новогодишни желби. ДЕДО МРАЗ ОД МАКЕДОНИЈА Во декември на плоштад Македонија ќе дојде Дедо Мраз! Сите дечиња долго го очекуваме овој новогодишен час! Тој ќе пристигне и викне на сиот глас: Јас сум Дедо Мраз од Македонија! Не сум тој од ладната Лапонија! Со него да се сретнам сакам јас! Пред мене има чичковци во црвени костуми! Кој е вистинскиот Дедо Мраз? Дали од Лапонија или од мојата Македонија? Студот за образот силно ќе ме штипне! Балони ќе добијам од белобрадиот дедо! Секоја година таков е редот!