,

Нова H&M колекција за пролет 2018 нуди забавни и разиграни креации

Шведскиот моден бренд за претстојната сезона донесува многу забавни и разиграни креации кои ќе ги воодушеват сите модни следбеници. Дизајнот на новата колекција донесува удобност и стил, бидејќи во  H&M добро знаат дека токму тоа е она што жените го сакаат кога се работи за секојдневна мода. Пролетта ќе биде и во знакот на трапери, кои ќе се носат во разно-разни облици, а инспирација оваа пролет пронашле и во "Parisian chic" стилот кој најмногу ќе им се допадне на романтичните души. Погледнете ја галеријата.