,

Новогодишна наградна игра во Рамстор мол

За време на претстојните празници и зимскиот период обвиткајте се со една од 111. награди од „Пазари, греби, добиј!“ на Рамстор мол. Најновото изненадување на Рамстор мол ќе го исполни центарот со среќа и новогодишно расположение. Наградната игра „Пазари, греби, добиј!“ започнува на 24. ноември 2017 година и ќе трае до 15. јануари 2018 година. Сѐ што е потребно за да учествувате во „Пазари, греби, добиј!“ е да пазарете во продавниците на Рамстор мол и да направите сметка од над 1.000 денари. Истата треба да се приложи на официјалниот пулт при што се добива наградна грепка со чие гребење може да добиете една од 110. награди. Доколку изгребаната грепка е недобитна истата влегува во извлекувањето за уникатниот Citroen C3 Aircross. Големото извлекување на Citroen C3 Aircross ќе се одржи на 16. јануари 2018 и среќниот добитник ќе биде првиот кој ќе го има задоволството да го вози овој автомобил во Македонија. Секогаш посветени на создавањето на атмосфера каде посетителите ќе бидат среќни и задоволни со почетокот на наградната игра стартуваат попусти и до -50% кои ќе траат цел викенд. Покрај овие можности во Рамстор мол ќе има и забавна програма со настап на музички бенд и латино танцово друштво.