,

Новогодишни украси од текстил

За денес нова празнична идеја, земете текстил во неколку бои, вештачка кожа, лепило, картон, конец, перфоратор и започнете со работа. Од картонот направете шаблони за снешко, дедо мраз и ирвас и исечете ги. Ставете ги шаблоните врз текстилот и исцртајте ги така што ќе имате по две исти парчиња за преден и заден дел на украсот. Исечете ги формите и две по две шијте ги од надвор. Можете да ги оставите празни, но поинтерсни се кога ќе ги наполните од внатре со нешто, можете со памук, волна, ориз  или пластични зрна. Кога ќе ги сошиете формите, од црвениот текстил исечете мало парче, соберете го со конец и направете топче за нос на украсите, а потоа сошијте го малку подолу од средината на формата. Потоа исечете полукружна лента за да направите уста од истиот материјал  и залепете ја под носот на формите. Од кожата со помош на перфорсторот направете кругчиња за да направите очи на украсите. Со помо на лепак залеете ги на украсите. Следно што треба да направите е капа за снешкото, така што ќе исечете од кожата форма на капа.  Истата форма треба да ја има на  двете страни, кога ќе ја исечете залепете ја на снешкото.  За ирвасот од кафен или црн материјал исечете форма на рогови, сошијте ги дупло и ставете ги на ирвасот.  За дедо мразот исечете бела волна иста должина конци и залепете ги под носот на дедо мразот. Потоа од црвениот текстил исечете парче и направете капче и залепете го или сошијте го на украсот. Направете мало топче од волна и прикачете го на капчето. За да можете да ги закачувате исечете врвки и врзете ги во јазол на крајот, а потоа сошијте ги на задниот дел на украсите. Кога ќе завршите, закачете ги овие интересни украси во вашата соба или на вашата елка, со сигурност ќе ве засмејуваат нивните смешни лица.   За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер