,

Облека која прави да изгледаме постари

Трендсетерка, и тоа можеби малку повеќе: Во своето друштво си прва која има панталони со бисери, кошули со перли, чизми со апликации кои би можела да ги носи само Ријана? Застани малку. Имено, ако ти се случи во својот плакар да имаш толку тренд облека која не можеш да ја носиш бидејќи немаш базични парчиња, време е да почнеш да инвестираш во класични парчиња. При тоа не мислиме на досадни црно бели парчиња, туку на пример, кожа, „војничка“ боја, темно цвеќе, карирано, фини панталони, и фустани во мастило крој… Стара облека: постојат поединечни парчиња кои ги носиш од средно, но тешко е дека целосно тие парчиња ти одговараат и денес. Никој веќе не носи така широки фармерки, и не, маички со должина до папок не се кул … Носиш погрешна големина: Можеби мислиш дека тоа некогаш не се гледа, но СИТЕ гледаат. Ако фармерките ти се премали, лошо ќе стојат на глуждовите. Тоа никој не сака да го гледа. Но исто така, преголема облека, како широки панталони, ќе изгледа несоодветно, и ќе те направи визуелно поголема барем за еден цел број. Забораваш ремен: Женската силуета со помош на модни додатоци може да стане слична на песочен часовник. Тенко или дебело ременче изгледа добро на капути, широка туника, кошули па и балонери. Слабите може да си дозволат капути или фустани со рамен облик, но нам обичните смртници еден ремен околу половината не ни е на одмет… Крива силуета: Ова е обично правило на баланс. Ако носиш тесни панталони и skinny jeans, топ подобро би изгледало да е со пуштен крој. Ако пак носиш тесна блуза или боди, миди здолниште кое се шири во А или palazzo панталони се идеален избор. ИЗБОР НА ВИСТИНСКА БОЈА: Освен што е важно да се познава бојата на тен, изборот на лоша боја на облека може да те направи да изгледаш помалку атрактивна а постара. Премногу парче облека кои потсетуваат на минатото: Можеби си обожавател на танцувачка облека и реси од дваесеттите, или тоа е твој turn on Woodstock и со задоволство цело време би носела прешироки фармерки, но попрво ќе изгледаш како да си се средила за некоја тематска забава, отколку силно fashion.