ОВА НИКОГАШ НЕ ГО ПОДНЕСУВААТ ВО ВРСКАТА: Девица-неодговорност, Скорпија-лага, Бик-импулсивност!

„Не е до тебе, до мене е“, тоа е познат израз кој се говори кога некој сфати дека не е заљубен во својот партнер како што мислел. Значи, дали е всушност до вас или до нив? Можеби причината е вашиот хороскопски знак или подобро кажано доминантни особини изложени во вашиот хороскопски знак. Дознајте ги причините поради кои раскинувате со другите и зошто сте прекинале со своите поранешни партнери … или можеби не сте. ОВЕН Овенот е независен, ентузијаст и љубопитен. Тој ужива во возбудувањата на животот, така што никако не му одговара мрзелив и зависен партнер, кој не го дели неговиот ентузијазам. БИК Ако постои една работа која е важна за Бикот, тоа е стабилноста и редот. Бикот е педантен и сака работите да ги прави на одредени начини. Импулсивниот партнер кој не размислува за се пред да направи нешто, нема да успее да оствари долга врска со внимателниот Бик. БЛИЗНАЦИ Близнакот е непослушен, сака забава и повеќе од сите знаци многу сака да разговара. Тој преферира личности кои можат да држат чекор со неговиот духовит и волшебен ум и на кои никогаш нема да му сметаат неговите излегувања и дружења. РАК Ракот е доверлив, верен и грижлив, и ги почитува своите односи со луѓето. Ако неговиот партнер не ги почитува неговите пријатели и семејство, тоа често е завршена работа. Доколку неговиот партнер не покажува никаква милост и емпатија кон другите, веќе нема за што да се разговара. ЛАВ Лавот ги сака светлата на рефлекторите и да биде обожаван. Тој ужива кога му се восхитуваат и копнее за тоа и многу ќе биде среќен ако му го пружите тоа. Ако тоа не го направите, не ви е судено. ДЕВИЦА Девиците се практични, одговорни и педантни. Тие ја сакаат работата и нештата кои имаат смисла. Некој кој не ја вреднува одговорноста и редот не е идеален партнер за Девицата. ВАГА Вагите се социјални битија. Вагата сака луѓе и секогаш сака да се среќава и создава нови пријатели. Таа има потреба од партнер кој може да и се придружи во таа забава. Анти-социјалните лица не доаѓаат предвид. СКОРПИЈА Скорпионот може да биде сомнителен, но е многу верен и страстен кога се во прашање луѓето ви кои верува. Доколку му криете нешто, тој никогаш нема повторно да ви верува. СТРЕЛЕЦ Стрелецот ја цени независноста и авантурата и секогаш е во движење. Тој сака и неговиот партнер да учествува во неговите авантури. Значи, ако неговиот партнер сака сигурност на домот, Стрелецот тука не сака да остане. ЈАРЕЦ Јарецот е одговорен и практичен. Независен е и сака да ги прави работите на свој начин или никако. Тој нема трпение за неодговорен партнер. ВОДОЛИЈА Независната Водолија има многу бунтовнички карактер и може да биде саркастична. Има потреба од партнер кој размислува исто како неа и личност која нема да се навреди на нејзините забелешки. Водолијата сака да биде општествено корисна и ако сакате да останете со неа апсолутно имате ист ментален склоп. РИБИ Рибите се најчувствителен од сите знаци и константно им е потребно докажување на љубов и внимание. Партнер кој не сфаќа ги сериозно Рибите како и некој кој ги присилува да направат нешто што не сакаат не е вистинска личност за нив.