,

Ова се случува во вашиот мозок кога спиете на непознато место

Сите сме навикнале на удобноста на својот кревет и токму тоа е местото каде се чувствуваме најдобро. Сонот во туѓ кревет неретко не остава ненаспиени иако не се сеќаваме дека лошо сме спиеле. Напротив, се сеќаваме како отспавме толку потребни седум до девет час. Во што е тогаш проблемот? Научниците конечно пронајдоа одговор и на тоа прашање. Тешко е да се спасиме од еволуцијата на стекнати навики. Спиење во хотел, на отворено, кај пријатели или познаници го става нашиот мозок во стадиум за преживување, што значи дека една мозочна хемисфера станува исклучена, додека другата е будна.   Научниците од Универзитетот Бровн, кои го откриле овој феномен, тврдат како ваквото однесување ни овозможува брза реакција кога во наша близина слушаме непознат звук. Своето откритие го објавиле во научното списание Current Biology. Досега научниците Ефектот на прва ноќ  (First-Night-Effect) го детектираа кај луѓе, но никогаш целосно не разбрале како делува. Поради тоа научничката Масако Тамаки, заедно со своите колеги, одлучила да се обиде да го дознае одговорот на неразрешените прашања. Користејќи напредни невронаучни техники, тим научници внимателно анализирале бројни причини на човечкиот сон. За чудо, откриле асиметрични примери во кои една хемисфера е активна додека друга е во стадиум на сон. Иако активната хемисфера не била целосно будна, таа покажала многу повеќе активности од другата хемисфера. Изгледа како кај повеќето луѓе левата хемисфера е поактивна, засега, од непознати причини. -Луѓето не се специфични по ова прашање, ваквите примероци ги пронаоѓаме и кај многу животни. Знаеме како морските цицачи и некои птици спијат со една активна хемисфера-изјавила коавторката на студијата Јука Сасаки во официјална изјава. Китовите и делфини се изложени на бројни опасности додека спијат, затоа не чуди таквото однесување кај тие морски цицачи. Нашите мозоци имаат минијатурен состав во однос на оној кој се наоѓа кај китовите и делфините-заклучила Сасаки. Вооружени со нови знаења, научниците се надеваат дека ќе пронајдат начин како да го исклучат овој вроден механизам, пред се поради луѓе кои често патуваат од деловни причини. Сасаки смета дека ова е можно поради големата пластичност на човечкиот мозок.