ОВЕН-ЈУНИ, РАК-МАРТ: Кој месец во 2018-та не е поволен за вашиот хороскопски знак?

Понекогаш, без разлика на тоа колку се обидуваме да ги избегнуваме несаканите ситуации, ѕвездите ни наметнуваат проблеми и лоши фази. Дознајте кој месец во годината ќе биде тежок за вас и бидете подготвени да се соочите со потешкотиите. Астролозите во оваа статија се обидуваат да ви помогнат да избегнете проблеми и негативни размислувања во тешките времиња во 2018та. Овен Јуни најверојатно ќе биде тежок месец за овој знак, бидејќи е загрозена нивната 6-та куќа на здравје и дневни бврски. Мора да посветите време на себе и грижата за свое здравје. Бик Септември е месец кога ќе имате доста пресврти и промени, бидејќи Уран има силно влијание на својот астролошки графикон. Тие мора да останат стрпливи и да ги почекаат промените кои ќе го направат своето. Близнаци Во август ќе биде загрозена вашата седма куќа на љубов и партнерство. Може да дојде до потенцијални неразбирања, но тоа ќе заврши до крајот на месецот. Рак За Раковите март ќе биде тежок месец. Мора да посветите внимание на комуникацијата, да забавите и директно да зборувате за своите проблеми како би ги решиле. Лав За Лавот, август-како роденденски месец ќе биде тешок бидејќи е ретрограден период. Избегнувате недоразбирања со нивните најблиски. Девица Декември ќе биде тешка фаза за Девиците. Може да очекуваат дека ќе дојде до судири во нивниот личен и професионален живот. Дишете длабоко и со големи промени ќе ги остварите плановите. Вага Јануари и почеток на февруари е најпредизвикувачки период за вас. Можеби се исполнети со напнатости, анкциозност и недостиг на сон поради прекувремена работа. Вашето здравје може да биде загрозено, па треба да одите на лекар и да се посветите на овие прашања. Шкорпија Април можеби ќе биде тешко време за Шкорпиите, бидејќи имаат тенденција да се почувствуваат малку почувствителни од вообичаено. Има шанси да се соочите со минати односи во текот на оваа ретроградна фаза во март, поради што деновите во април тешко ќе им паднат. Стрелец Ноември е месец за исправување на грешките. Колку порано преземете одговорност за своите грешки, подобро ќе биде во иднина. Но ова ќе биде тешка фаза за вас. Јарец Април е месец кога ретроградниот живот на Меркур создава одреден хаос кога е во прашање вашето здравје, така да ако се соочувате во тој момент со било какви здравствени прашања ,мора да се грижите за тоа. Водолија Јули е месец во кој ќе се чувствувате како некој го тестира вашето здравје и љубовен живот. Иако оваа година е генерално период добар за Водолиите, овој месец би можеле да се чувствувате како да сте сами на светот. Мора да обратите внимание на одредени области на својот живот таму каде е потребно. Риби Мај е месец кога Јупитер влијае на овој хороскопски знак и тоа би можело да доведе до некое сериозно преоптеретување. Мора да си посветите внимание на себе, обидете се да бидете смирени, бидејќи работите може да се влошат.