ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Умрела на 90 години, нејзиниот дневник ќе ви го промени животот

Без разлика дали учиме за љубов и нежност, или како да ги надминеме тешкотиите и да бидеме силни, ние треба да го искористиме секој удобен момент за да бидеме подобри и хармонични. Не за другите! За нас самите! Ние не сме научени да се предадеме. Ние не сме научени да помагаме онолку колку што ни треба. Тоа е како понекогаш  да бегаме од се' што може да се поврзе емоционално со нешто или со некого. 

Ова е дел од дневникот на баба Зелда која починала на 90 години. Случајно во една кутија го пронашол нејзиниот внук Марк. Тој не знаел дека неговата баба ги запишува своите идеи, мисли, цитати, текстови на песни и се' што допира длабоко во нејзината душа и срце. Врз основа на она што го напишала, Марк дефинирал 12 совети, големи животни мудрости. 

* Дишете во иднината, издишете го минатото. Никогаш не очекувајте, немојте да бидете арогантни и не претерувајте. Само сторете сé што е најдобро. Контролирајте го она што можете. И тогаш нека се случуваат работите. Затоа што кога ќе го направите она што можете, ако е пишано ќе се случи. Ако не, ќе ги видите чекорите што треба да се преземат. 

* Животот може повторно да биде едноставен. Само изберете да се фокусирате на едно нешто во одредено време. Вие не треба да се обидувате да сторите сé.

* Оставете другите да ве прифатат какви што сте или воопшто да не ве прифатат. Зборувајте ја својата вистина дури и ако вашиот глас трепери. 

* Не учете како да станете богати, туку научете како да станете среќни. Како што стареете, ќе ја знаете вредноста на нештата, а не нивната цена. На крајот од вашиот живот ќе сфатите дека најдобрите денови беа оние во кои не ви треба ништо извонредно и посебно да се случи за да се насмевнете. 

* Сè што се случува, ќе ви помогне да растете, дури и ако е тешко да го разберете токму сега. Околностите ќе ве упатуваат, ќе ве поправаат и ќе ве унапредуваат со текот на времето. Но, што и да правите, не губете надеж. 

* Бидете одлучни да останете позитивни. Разберете дека најголем дел од вашата несреќа или вашата болка не се определени од околностите, туку од вашето видување на нештата.