Од каде се набавуваат вакцините во Македонија

Министерството за здравство објави листа на земји од кои се набавуваат вакцините за имунизација на децата.

Над 100 родители годинава добиле прекршочни пријави зошто не ги вакцинирале децата.

До Државниот санитарен и здравствен инспекторат се доставени уште 94 известувања за семејства кои го прекршиле законот за заштита на населението од заразни болести. Бројката од само околу 200 пријави за невакцинирани деца е релативно мала, имајќи го предвид фактот дека процентот на имунизација посебно со МРП

во Скопје е паднат на 67 проценти. Во регионот, конкретно во соседна Србија родители и лекари најавуваат кривични пријави против јавни личности кои ширеле паника и воделе кампања против вакцинирањето.