ОД СТАРИОТ ДНЕВНИК: 12 работи кои ми ги пренесе мојата баба..

Кога баба ми Зелда почина во 90-тите, ми остави кутија со разни предмети од нејзиниот дом, бидејќи знаеше дека ќе ги задржам, ќе ги чувам.. Меѓу нив, го најдов стариот кожен дневник, кој го нарече „Дневник на инспирација“. Во нејзината втора половина од животот таа го користеше за да ги запише идеите, мислите, цитатите, песните и сè што ја инспирираше. Како што растев, ми читаше пасуси од својот дневник, а јас ги слушав и ѝ поставував прашања. За она што го правам сега јас, голема заслуга има баба ми. Таа ме научи на мудрост, љубов и добрина кога бев млада. Сакам да споделам некои од овие инспиративни цитати со вас. Се обидов да ја изложим содржината на дневникот во 12 точки. Уживајте!

1. Вдишете иднината, издишете минато. Без разлика каде сте или колку и да ви е гајле, секогаш верувајте дека има светлина на крајот на тунелот. Никогаш не чекајте, не претпоставувајте или не инсистирајте. Само стори сé што можеш, држи контрола врз она што можеш да го контролираш, а потоа нека биде што биде. Кога ќе го направиш она што можеш, ќе го добиеш она што го сакаш. Ќе го видите  следниот чекор што треба да го направите за да ја постигнете целта. 

2. Животот може да биде едноставен. Само фокусирајте се на една работа. Нема потреба да се направи се одеднаш. Дишете, живејте во сегашниот момент и направете сè што може за да напредувате во вашите соништа. Она што го вложувате во животот се враќа кај вас во уште поголема количина. 

3. Оставете другите да ве прифатат, какви и да сте, или да не ве прифаќаат воопшто. Кажувајте ја вистината, дури и ако вашиот глас трепери. Кога сте искрени, кога ја делиш својата љубов со светот, го менувате. Затоа чекорете самоуверено на вашиот пат, и не очекувајте сите да ве поддржат на патувањето, особено ако тие не одат со вас на ист пат. 

4. Вие не сте исти како порано, и тоа е нормално. Ве навредиле; сте доживеале многу подеми и падови што ве направиле такви, какви што сте денес. Во текот на многу години, се случиле многу работи кои ја сменија вашата гледна точка, сте научиле лекции и сте бго промениле вашиот внатрешен свет. Некои луѓе ќе ви кажат дека сте се смениле. Одговорете им: "Се разбира, јас сум променет, тоа е целта на животот, но јас сум сè уште ист човек, само сега, многу посилен". 

5. Сè што се случува, ви помага да се развиете, дури и ако е тешко да се сфати во дадено време. Околностите ќе ве водат, корегираат и ќе ве унапредуваат во текот на целиот живот. И што и да правите, не губете надеж. Верувајте дека не е крај на твојата приказна, и на крајот, ќе можеш да излезеш од било каква ситуација. 

6. Не обидувајте се да бидете богати, но обидете се да бидете среќни. Постепено ќе го учите значењето на работите, а не само на нивните цени. Како резултат на тоа, ќе сфатите дека најдобрите денови - се оние кога не ви треба ништо необично или посебно за да се смеете и да бидете среќни. Живејте го секој момент од вашиот живот и чувствувајте се благодарни за она што го имате. Тоа е вистинска среќа. 

7. Размислувајте позитивно. Вие сте несреќни и страдате, најчесто, не поради околности, туку поради својот однос кон нив. Насмевнете им се на сите оние кои се обидуваат да ти наштетат, посочете им дека за нивното мислење не сте заинтересирани.  

8. Бидете внимателни кон оние кои не се рамнодушни кон вас. Понекогаш, кога саканата личност ви вели: "Јас сум во ред", таа сака да ја погледнете во нејзините очи, да ја прегрнете и да и речете: "Знам дека не е вистина". Можеби ќе помислите дека има луѓе кои се сеќаваат на вас само кога имаат потреба. Не се лутете. Напротив, почувствувајте се потребни. Вие сте за нив, како морнар во морето: ги осветлувате кога мракот доаѓа во нивниот живот. 

9. Понекогаш треба да му дозволите на човекот да замине, за да може да се развива. Само пуштете го, иако е многу тешко. Му дадовте многу и многу научивте. Тоа ќе му помогне да стане успешен човек. 

10. Понекогаш посакуваниот резултат резултира со губење на луѓе кои не ве поддржуваат. На овој начин, вие ослободувате простор за оние кои можат да ве научат нешто ново и да го подобрите вашиот најдобар квалитет. Ова се случува постепено до степен до кој растеш. Вие знаете кој сте и што сакате, а потоа сфаќате дека луѓето со кои секогаш разговаравте не успеваат да продолжат со развојот. Ќе имате прекрасни спомени со овие луѓе, но ќе продолжите. 

11. Подобро е кога се осврнете во животот да кажете: "Не можам да верувам дека го сторив тоа", туку да се осврнете назад и да кажете: "Би сакал да можев да го сторам тоа". Луѓето секогаш ќе ви судат. Не обидувајте се да ги сакате сите. Живејте го својот живот, инспирирајте се себеси. Направете го она што ви се допаѓа и движете се во насока што ви ја кажува срцето. Сакајте се себеси доволно за никогаш да не ги намалите вашите стандарди за никого. 

12. Ако не можете да завршите нешто, тоа значи дека е време да започнете нешто ново. Прифатете дека од време на време треба да се соочите со неуспехот. На овој начин, учаите. Најсилните луѓе се оние кои искрено се смеат на неуспеси и околностите. Тоа се луѓето кои се бореле во најтешките битки. Тие се смеат затоа што одлучиле да не дозволат никој да не им се меша во ништо. Толку силните луѓе преминуваат во нова фаза од нивниот живот.