,

“Оревокршачка” на мраз веќе распродадена, закажана е и втора претстава!

Поради огромниот интерес за претставата “Оревокршачка” на мраз, која ќе се одржи на 4-ти декември 2017 година со почеток во 20 часот, организаторите, Прагма Продукција, се одлучија и за втора претстава. Македонската јавност има ретка можност да го види балетскиот спектакл, претставата “Оревокршачка” на мраз, во изведба на државниот балет на мраз од Санкт Петербург, Русија. [caption id="attachment_851" align="aligncenter" width="621"] Државниот балет на мраз од Санкт Петербург е основан во 1967 година од кореографот Константин Бојарски како продолжение на традиционалната руска школа за класичен балет.[/caption] Закажаната претстава на 4ти декември 2017год. во 20 часот е веќе распродадена и поради големиот интерес закажана е уште една, на истиот датум со почеток во 22 часот, во Македонската Опера и Балет. Спојот на балетската уметност и најелегантниот спорт – уметничкото лизгање е програмската цел на Државниот Балет на Мраз од Санкт Петербург, Русија, кој е основан во 1967 година од страна на истакнатиот балетски кореограф Константин Бојарски. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин – познат руски диригент. [caption id="attachment_853" align="aligncenter" width="622"] Бината ќе биде со димензии 20×15 метри, на која ќе се постават 3,5 тони мраз. Ќе пречекаме екипа од 80 луѓе, меѓу нив се врвни балетски уметници, танчари на мраз, плус техничката екипа а поставување на мразот, изјавија од „Прагма продукција“[/caption] Балетот на својот репертоар ги има познатите балети на Петар И. Чајковски - „Заспаната убавица“, „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, како и балетите „Ромео и Јулија“ и „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев. [caption id="attachment_2912" align="aligncenter" width="633"] Од 1995 година балетот на мраз од Санкт Петербург игра и на сцените на светските оперски и балетски куќи.[/caption] Билетите за втората закажана претстава на овој балетски спектакл на мраз - “Оревокршачка на мраз” може да се набават преку продажната мрежа на “КупиКартиЗаСе” низ цела Македонија, во “Пола Југотон”, “Југотон”, Цвеќара “Розе” - Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.