,

ОСТАНУВА БЕЗ ПРЕУБАВАТА ЖЕНА: Холивудскиот злоставувач Вајнштајн скапо ќе го чини разводот

Кон крајот на минатата година е откриено дека холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн злоставувал повеќе од 60 дами и од тој момент тргнува се низбрдо во неговиот живот. Она што најтешко го доживеа е фактот дека сопругата Георгина Чепман сака да се разведе од него. Тоа се случи и официјално пред неколку дена, а според одредбите на предбрачниот договор Харви има обврска да и исплати неверојатни 20 милиони долари за деценија заеднички живот. https://www.instagram.com/p/BY4OjkEAYTa/ Георгина која е од него помлада 24 години не можела да премине преку неговите злодела и одлучила да го остави. -Згрозена сум и посрамотена. Освен што целиот случај влијае на мене и моето семејство, го загрозува и мојот моден бренд кој го сакаа многу актерки-рекла Георгина во меѓувреме. За разводот се огласи и злоставувачот. -На Георгина е одлуката да се разделиме. Ја сакам повеќе од се и ја почитувам нејзината желба. Со денови зборувавме што е најдобро за нашето семејство-рекол Вајнштај чие богатство падна насред скандалот бидејќи многу пари потрошил на адвокати и ПР експерти.