,

Отворен повик за постипломски студии по економија и бизнис–Менаџмент и организација на Економски факултет–Љубљана, во Скопје

Државниот Економски факултет – Љубљана при Универзитетот на Словенија (www.ef.uni-lj.si), преку својот Регионален центар во Скопје, овозможува и отвора упис на постдипломски студии (Менаџмент и организација) на Меѓународната бизнис академија (IBA). Повикот за пријавување на магистерските студиите трае до крајот на јануари 2018 год. Наставата за новата генерација започнува во февруари 2018 год. Економски факултет – Љубљана е првиот и моментално единствениот факултет со т.н. „Тројна круна“ во Југоисточна Европа кој ги има највисоките  интернационални акредитации EQUIS, AASCB и AMBA. Со овие акредитации факултетот се вбројува во првите 1% бизнис и економски школи во светот. Високо позиционирани професионалци и менаџери од познати компании и банки (Македонски Телеком, Алкалоид, Belupo -Македонија, Стопанска банка, Комерцијална банка, RHAU Maкедонија, НБРМ, ЕВН Македонија, OSCE, USAID, Американската стопанска комора во Косово, Прокредит банка - Косово...), имаат напредувано во својата кариера и го имаат надградено својот бизнис и со помош на стекнатото знаење од мастер програмата на Интернационалната бизнис академија (IBA) на Економски факултет – Љубљана во Скопје. Мастер програмата на IBA, веќе единаесет години се одвива во Скопје и целосно е идентична со студиумот во Љубљана (професорскиот кадар, квалитетот, критериумите и методологијата на наставата, најнова литература и дополнителни материјали, современи реални примери ...). Магистрантите на оваа програма низ изучувањето на високо-стручна теорија и конкретни практични примери и вежби, се здобиваат со повисоко ниво на знаење и вештини за усовршување на своите аналитички и лидерски способности кои што ќе им помогнат да идентификуваат и решаваат комплексни бизнис проблеми во текот на своето работење. Постдипломските студии се од областа на финансии, маркетинг, човечки ресурси...На програмата можат да се пријават лица со професионално искуство (менаџери и претприемачи, извршни директори, амбициозни експерти и консултанти...), како и мотивирани дипломци  без работно искуство. Мастер студиумот е наменет за економисти и неекономисти од сите професии (инженери, правници, фармацевти...) Заинтересираните кандидати за детални информации може да се обратат до Регионалниот центар на Економски факултет–Љубљана (www.ef.uni-lj.si)  во Скопје (cisef@skopjefair.com.mk; 070 338 570).