Откриена е причината зошто двете познати актерки не се поднесуваат

Актерките  Ким Катрал и Сара Џесика Паркер кои во серијата „Сексот и градот“ глумеа најдобри другарки, во реалноста не се поднесуваат. На својот Инстаграм профил Ким и порача на Сара да не ја искористува смртта на нејзиниот брат за промоција и да на ја користи оваа болна вест за да се покаже дека е добра, бидејќи далеку е од тоа. Според пишувањата на Daily Mail, атмосферата на снимањата на серијата била напната, а ни Сара, ни останатите актери не зборувале со Ким. Синтија, Сара и Кристин секогаш оделе заедно на ручек, додека Ким јадела сама. А кога снимале на локации, овие три актерки спиеле во еден хотел, а Ким во друг, објаснува извор близок до продукцијата на серијата. Овој извор тврди дека причина за нивните несогласувања се парите и провокативните сцени во серијата. На Ким не и се допаѓало што во секоја сцена требало да биде речиси гола, а Паркер не го соблекувала градникот во провокативните сцени.