,

ОТКРИЕНИ ТАЈНИТЕ ТРИКОВИ ЗА УБАВИНА: Еве како да изгледате како Меган Маркл

Актерката и свршеничка на принцот Хари, Меган Маркл е симбол на убавина во 2018-та, па многу дами ширум светот одат на пластични операции за да изгледаат како неа. Но, со неколку принцезини трикови за убавина можете лесно да се нашминкате и средите како Меган. Меган не сака премногу да ги нагласува усните, туку преку ден носи природни розеви бои на кармин, додека вечерта и е резервирана за кармин во боја на вино. Без разлика што во 2017-та е заборавен, ефектот на „заматен поглед“ повторно се враќа во мода. Меган секогаш има популарен и едноставен smookey eyes кој и ги истакнува очите, што и да облече во секоја прилика. За англиската принцеза секогаш е неопходно руменило од розев тон кој ги истакнува јагодтките и дава на кожата свеж, младечки и природен изглед. Меган повторно го донесе трендот на помалку несредени и природни веѓи, па така многу дами кои цртаа тенки веѓи со строги линии наскоро ќе заборават на овој тренд.