Пак дојдоа некои тешки времиња, синко мој

Немаше богзнае што, но срцето било задоволно со она што го имаш. Срцето било полно со љубов од која се раѓало почит кон луѓето. Таткото бил татко, мајката - мајка, а детето -дете. А денес? Не треба премногу да се говори, сѐ се знае, раскажува еден старец

Беа да, па поминаа, па пак дојдоа некои тешки времиња, синко мој!“, ја започнува старецот својата приказна, со намера да го пренесе своето животно искуство и барем некој да го научи на важна животна лекција. 

Откако знам за себе, секогаш тешко се живеело, но порано беше полесно да се живее. Немаше богзнае што, но срцето било задоволно со она што го имаш. Не треба премногу да се говори, сѐ се знае. Се повеќе светот се мие со твоите сопствени солзи, бидејќи среќата за некој е само поим или бајка. 

Ако мене ме прашаш, сине, јас долго, долго не сум почуствувал тронка некоја радост и спокој. Долго сине, не сум се насмевнал од срце. Знаеш, онака од душа. Ма секако ја барав, но не знаев дека треба да ја викам само животе мој. Но сега знае... 

А ме прашуваш за деца? Добри ми се, нека се живи и здрави! Сите имаат свои деца и свои животи. Ми доаѓаат и ме посетуваат кога можат, ми пружаат колку можат. Седам овде крај прозорецот и гледам со часови некаде, а да ме прашаш каде, не знам ни сам! Но, гледам и чекам и кога ги здогледам милите лица на моите деца како сонцето да ме огреало. Иако, ретко ме огрева.

Ми велат имаат и премногу свои обврски и често се во некое брзање. Запамти, сине мој, Бог дава, а луѓето користат. Сепак, нешто добро ни дал и оставил, а тоа дека сите сме деца и дека ќе бидеме и родители. Дека денес сме млади, утре стари. Денес сме силни, утре слаби. Денес сме здрави, а утре кој знае? 

И да, ако има правда, ете баш туку се наоѓа! И јас некогаш бев млад и силен. И јас бев среќен и навака натака. И мене мајка и татко ме чекаа како што чекам сега и јас. Затоа, не заборавај сине, се се враќа.