,

Памела Андерсон ги обвинува жртвите на Харви Вајнштајн

Памела Андерсон ги шокираше гледачите, кога во едно интервју рече дека жртвите на сексуалните напади на Харви Вајнштајн донекаде сами се виновни и знаеле што ги очекува ако останат насамо со него, пишува сајтот Контакт мјузик. Андерсон одговорила на прашањата на водителот на NBC Мегин Кели. „Секој во Холивуд знаеше дека Вајнштајн е сексуален предатор. Тоа не беше јавна тајна. И секоја од жртвите можеше да претпостави што ја очекува, ако остане насамо со него во хотелска соба!“, истакнала Памела. Мегин Кели ја демантираше, истакнувајќи дека на многу од актерките средбите биле договрени од нивните помошнички и агенти. „Тоа не е оправдување", рекла Андерсон и додала: „Тогаш на средбите зошто отишле со нив! Или требаше да си побараат некого кој ќе ги придружува! Кога дојдов во Холивуд, имав еден куп предлози за аудиции во четири очи. Но тоа беше апсурдно! Никогаш не треба да се посетува хотелска соба сам. Ако некој ви ја отвори вратата по наметка, треба веднаш да си одите".