Паметните луѓе се посреќни кога се сами-сега знаеме зошто

Дали некогаш сте имале желба да одите некаде далеку каде нема баш никој? Ако сте, тогаш сте многу интелигентни, а научниците имаат нешто да ви порачаат. Научниците од Факултетот за менџмент од Сингапур и Лондонската школа за економија и политички науки спроведоа студија како би ја откриле поврзаноста помеѓу местото каде живеат луѓето и колку се задоволни од своите животи. Констатирале дека луѓето со висок коефициент на интелигенција кои живеат во големите градови имаат заеднички проблем - воглавно се несреќни. Додека повеќето луѓе се посреќни кога се опкружени со пријателите, високо интелигентни лица преферираат да бидат сами. Се поставува прашањето - зошто е тоа така? Научниците укажуваат на тоа дека се чувствуваме незгодно во големи заедници бидејќи нашиот мозок не е прилагоден за работа во групи кои содржат повеќе од 150 луѓе. Тоа значи дека тоа што личноста е попаметна, толку понепријатно им е во друштво на други луѓе. Пријателствата „нормалните“ луѓе ги прават среќни, ја задоволуваат нашата потреба за љубов, ни пружаат чувство дека некој има потреба од нас и ни овозможуваат прилика да размениме искуства. Од друга страна, кај високо интелигентните луѓе се е поинаку: посреќни се кога се сами и кога не се опкружени со други луѓе, дури ни со пријатели.