ПАРТНЕРСТВО И РОДИТЕЛСТВО

              Кога брачниот пар ќе го добие своето прво дете, мажот според традицијата, продолжува да ја работи својата работа или кариера, само што има додаток на родителска одговорност и зголемени обврски во семејството. Кога жената ќе стане мајка, нејзината положба претрпува значителни, коренити промени. Тоа значи дека таа се откажала од својот независен женски идентитет поради својата улога на мајка која ќе ја игра до крајот на својот живот. Така е уште во многу делови од светот, а идејата тоа да се смени не е нова. Жените својата улога почнале да ја сметаат за општествено и животно ограничувачка, а нешто подоцна и мажите започнале да размислуваат за човековите ограничувања на нивната улога. Но, крутоста на улогите на татко и мајка не е определена само историски. Целокупното искуство врзано за добивање на дете е толку занесна случка и исклучителен емоционален восхит, така што повеќе парови набрзо по раѓањето на детето се идентифицираат себеси и едни со други токму со таа улога на родители. Некои луѓе дури престануваат да се нарекуваат едни со други по име , туку со „мама  “ и „тато“. Кај мнозинството луѓе се случува родителството да им одземе толкав дел од животот, така што со тек на годините партнерството исчезнува во позадина. Може да се каже дека секое слабеење на партнерството помеѓу родителите со чувство на загуба и фрустрираност, им штети  нив, но и на нивните деца. Но, постои еден исклучителен аспект на партнерството на родителите кој е од голема важност за родителството, односно за родителските можности за расправање и разрешување на судирите што се однесуваат на нивните деца.  Станува збор за можноста родителите да разговараат еден со друг, како маж со жена, како пријатели и љубовници, односно како двајца луѓе со сопствен идентитет . Доколку жената се противи на начинот на кој нејзиниот сопруг му помага на синот околу домашните задачи, треба да му пристапи на сопругот како пријател и партнер, а не како мајка на своето дете. Родителската улога е исто така многу важна и за интеракцијата со децата. Затоа во интеракцијата со возрасните многу е важно тие да се претставуваат самите себе. Тоа не е важно само за зачувување на пријателството и еротската страна на односот, туку и поради стекнување на уверувањето дека тие можат да се развиваат и како родители и како човечки суштества. Ако еден со друг разговараат за односот со децата како татко и мајка , тогаш децата ќе бидат секогаш во средиштето на нивниот разговор. Но за да се развиваат и како родители и како човечки суштества истовремено треба да разговараат и за нив самите . Децата не треба да бидат постојана тема на разговор меѓу нивните родители. За жал денес, многу семејства  уште се раководат по замислата дека семејниот живот со децата се состои во многу барања и макотрпна работа, но исто така ме радува и фактот што се јавува една позитивна новост која се состои во тоа дека партнерството високо котира  на листата на семејни приоритети.   За Женски магазин пишува Ружица Митровиќ-Дипломиран педагог