,

ПЕЛИСТЕРКА ГО ПРОМОВИРАШЕ КАЛЕНДАРОТ ЗА 2018 ГОДИНА: Ако не знаете што да облечете-соблечете се

Дванаесет македонски успешни спортистки се заштитни лица на календарот за 2018 година на домашниот бренд за вода, компанијата „Пелистерка“. Десет од нив беа гостинки на денешната промоција на календарот во скопскиот хотел „Мериот“.   Со провокативни фотографии, овој пат со спортски имиџ, кои се заштитен знак на сите досегашни осум претходни години, компанијата ги прикажува: Берна Шерифовска – џудистка, Наташа Андонова – фудбалерка, Едина Муса – кошаркарка и боди фитнес, Дрита Ислами – атлетичарка, Леана Таки – триатлонкаМилјана Ристиќ–маратонка, Елена Чуркоскакајакарка, Катерина Николовска – велосипедистка, Стефани Тодорова–кик боксерка, Ивана Јанкова – одбојкарка, Марија Божиновска – фитнес билдерка, и Нина Ѓорѓевиќ–каратистка. Фотографијата на секоја од нив е заштитен знак на еден месец од годината. Секоја во својата дисциплина, девојките досега се натпреварувале на европски и светски првенства, а дел од нив стасале и до Олимпијади. Дел од нив се вбројуваат помеѓу првите три во спортот на светско ниво. [caption id="attachment_9372" align="aligncenter" width="4583"] Од подготовките за календарот[/caption] Ако не знаете што да облечете, соблечете се“, рече низ насмевка водителот на промоцијата Златко Андоновски претставувајќи ги девојките. „Беше октомври, веќе почна да заладува кога го работевме календарот и не ни беше лесно да се сликаме без многу облека на нас. Но, екипата најпрофесионално го одработи своето, ни изјави Едина Муса, кошаркарка која тренира и боди фитнес. [caption id="attachment_9371" align="aligncenter" width="2880"] Од подготовките за календарот[/caption] „Идејата на календарот годинава е да покажеме дека имаме македонски жени спортистки коишто се силни, истрајни, храбри, убави и најдобри во тоа што го прават. Затоа и мотото годинава е „Пелистерка, вода за најдобри!“. [caption id="attachment_9373" align="aligncenter" width="4473"] Од подготовките за календарот[/caption] Ги одбравме, според нас, најдобрите во својата област. Овие 12 девојки се синоним за сила за моќ за успеси“, изјави Тања Панделеска, маркетинг директорка на компанијата. Фотографијата е на Ани и Дими, стајлингот на Јована Зукадевојкиите ги разубави шминката на Зоран Шурбевски, а графички дизајнер е Анита Гај. Проект менаџер е Света Богова - Јовановска. За Женски Магазин, Милица Џаровска