Персонализирани чевли за 10-годишнината на Timberland во Македонија

Уникатен како и секогаш, за 10-годишнината од отворањето на првата продавница во Македонија, брендот Timberland им понуди можност на своите купувачи и фанови да ги персонализираат своите чевли со мотиви по сопствен избор, а изработени од страна на уметниците Сања Јовановска и Драган Драш Китановски. Целодневната забава во продавницата во Скопје Сити Мол беше проследена со огромен интерес од страна на љубителите на производите од овој бренд.