,

Пет идеи за уникатен состанок

Одење во кино, на вечера или прошетка во град - ова се воглавно опциите кои ги имаме во глава кога ни се постави прашањето каде да излеземе на состанок. Меѓутоа, мора да признаете дека делуваат малку досадно и клише бидејќи сите тоа го прават. Дојдовме на неколку идеи кои ќе ви обезбедат сјајна инспирација за состанок со вашиот моментален или иден партнер. Во такви вечери нема да ви биде досадно, а може да ги покажете и своите „тајни“ способности ... Натпреварување во правење пица Зачинете една вечер така што наместо порачки ќе си направите сами своја пица. Направете нешто како натпреварување, кој побрзо ќе ја направи и чија ќе биде повкусна. Победникот избира што ќе гледате на ТВ! Направете шведска маса Заштедете пари така што сами дома ќе си подготвите шведска маса со разни специјалитети и се ќе дополните со вкусно црно вино. После тоа можете да играте неоја игра или да се гушкате гледајќи филм. Квиз Верувајте ни дека ништо подобро нема да ја тестира вашата врска како квиз од општо образование! Направете квиз за двајцата и уживајте во учењето и поттикнување некои работи кои сигурно сте ги заборавиле. Покрај добрата забава, зближувањето со партнерот е загарантирано! Истакнете ја вашата уметничка страна Наместо излегување во кафич, уплатете курс по сликање или вајарство за двајца. На крај можете еден на друг да си посветите слика или предмет кој сте го направиле, што секогаш ќе ве потсетува на него и одличниот состанок. Интересно, забавно и многу корисно! Заеднички тренинг Ако е љубител на фитнесот и сака да вежба, тогаш сигурно ќе му се допадне ваквиот вид на состанок, а и да е поинаква ситуацијата, веројатно ќе го промени мислењето за тренинзи - на подобро. Одете на тренинг кој досега ниту еднаш не сте го пробале, а после тоа во сауна или масажа која ќе ве релаксира дополнително.