,

Пет книги кои ви препорачуваме да ги прочитате

Книгите се најголемо богатство на човекот, а колку човекот повеќе чита толку е побогат со знаења. Секој книга си има своја содржина и своја порака. Доколку сте љубители на книгите и сакате да читате тогаш топло ви препорачуваме да ги прочитате овие 5 книги и задолжително да ги имате во својата библиотека. Топло ви препорачуваме да ги прочитате овие пет книги.
  1. „Рингешпил“ од Јелена Баќиќ Алемпиќ
Секој кој ќе ја земе в раце оваа книга нека се подготви за едно премногу емотивно вртење на шарениот рингишпил на баба Дара. Главен лик во овој роман е Ана Балинт која сега е на смрттна постела и пред засекогаш да го пронајде својот вечен спокој се навраќа уште еднаш на своите спомени, на убавиот и шарен рингишпил од нејзиното детство. Ана имала среќно детство на чифликот на нејзиниот татко Стеван и баба ѝ Дара, таа уживала во селскиот живот, во дружбата со својот најдобар другар Ѓорѓе и во нивните игри на рингишпилот на баба Дара. Но нејзината мајка Ленка во своето преубаво девојче го препознава несекојдневниот талент за балет кој Ана го носи во себе. За тоа разговара со својот сопруг, но тој не се согласува со неа Ана да оди на часови за балет. Па поради тоа во една мугра на седми август 1938 год. Ленка заедно со Ана скришно од сите го напушта чифликот и ја носи Ана во Белград во балетското училиштето на Клара Сич која на времето била позната балерина во „Бољшој театар” во Москва. Ана и Ленка започнуваат нов живот во големата престолнина и Ана напорно вежба подготвувајќи се за својата светска кариера во Русија. Но Ана никогаш ниту за момент не ги заборава спомените од своето среќно детство покрај рингишпилот. Конечно на осумнаесет годишна возраст Ана заминува во Русија и ја започнува својата кариера во „Бољшој театар”. Сите се маѓепсани од нејзината несекојдневна убавина и огромниот талент на Ана Балинт но дури тогаш започнуваат нејзините страдања и пресврти во нејзиниот живот. 2. „Полноќна роза“ од Лусинда Рајли Доживотната потрага на една мајка која одбива да прифати дека судбината на нејзиното дете е таква каква што и ја кажале, долги години подоцна ќе спои животи и ќе ја извади вистината на виделина. Расплетот на ова дејство е распослано на преку 500 страници од новата книга на Лусинда Рајли „Полноќна роза“ во издание на Матица.  3„Девојчете на гребенот“ од Лусинда Рајли  Ова е приказна во која љубовта се чувствува во секој збор и реченица...Толку емоции на секоја страница... Ретки се книгите во кои можеш да бидеш дел од ликовите, да учествуваш и ја обликуваш приказната со сопствена имагинација.Роман за сите времиња и сите генерации - едноставна и толку совршена! Книга која ќе остане покрај тебе...засекогаш 4.„Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман                                                                                        Сеќавање „Сеќавање на љубовта“ е книга која ќе ве натера повторно да верувате дека постои вистинската љубов, чиста, искрена и безвременска. Заснована на вистинската приказна за двајца млади евреи кои љубовта ги спојува, но сепак животот и војната се испречуваат меѓу нив, градејќи ѕид кој се чини дека е невозможно да се сруши. Родена како најстара ќерка во едно скромно еврејско семејство Ленка наследува од мајка си извонреден талент за сликање и сонува еден ден да стане позната сликарка. Запишувајќи се на сликарската академија во Прага го запознава Јозеф, братот на една од нејзините најдобри пријателки од академијата. Љубовта започнува да се вселува во нивните срца и да создава една навидум совршена приказна, но одеднаш се појавува и војната и со својот виор успева за само еден момент да ја растргне љубовта на два сосема различни краја на светот.
  1. „Без збогување“ од Линвуд Баркли
Се будиш едно утро и сфаќаш дека го нема твоето семејство, помислуваш дека заминале порано од дома за да не се сретнат со тебе после карницата од претходната вечер. Разгледуваш наоколу, гледаш нема подготвено појадок, си помислуваш сигурно оставиле порака. Но, за жал нема трага дека тие ја поминале ноќта во своите кревети. Се прашуваш: Што се случува? Каде заминале? Ако им се случило нешто, зошто останав само јас поштедена? Следат милиони тешки прашања на кои не може да се одговори... Ова ѝ се случи на четиринаесетгодишната девојка, Синтија Биж која го изгуби своето семејство и се справуваше со таа траума цели 25 години, сè до еден ден кога доби писмо во кое тешко се наоѓаа одговори и ја зголеми нејзината надеж дека можеби сега ќе открие што се случило со нејзиното семејство. И дозна дека пребарувањето во минатото може навистина да биде исполнето со тешкотии и ризици.