ПИСМОТО НА ЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА: Родени помеѓу 1950 и 1980 година задолжително прочитајте!

Приказнава која преку ноќ стана хит на социјалните мрежи е навистина посебна и значајна за една генерација. Како се живееше некогаш, како се живее сега. Ова генерациско писмо е вредно за споделување со пријателите и оние од вашата генерација. Иако можеби сте го прочитале, ние решивме повторно да го пренесеме преку нашиот сајт и да ве потсетиме на тие убави времиња за Вас.

„Прво, преживеавме и сме родени нормални, иако нашите мајки кога ги болеше глава пиеја аспирини, јадеа храна од конзерва, пушеа и работеа до последен ден на бременоста не биле тестирани на дијабетес... Како деца се возевме во автомобили без појаси и воздушни перничиња и не моравме да имаме кациги на глава за возење велосипед или на ролшули... Пиевме вода од црево за полевање на градината, но не од флаши купени од големите трговски центри. Си ја делевме флашата кокта, кола и нара со нашите пријатели и никој не умре поради тоа... Јадевме млечни сладоледи, бел леб и вистински путер, пиевме сокови кои и тогаш беа полни со шеќер, но не бевме дебели затоа што често си игравме надвор ...Излегувавме од дома наутро и си игравме по цел ден, криенка, крадци и полицајци, каубојци и индијанци, ластик, и се останато што само детската фантазија беше во можност да го смисли, се додека не се запалеа уличните светла кои и онака ги немаше премногу. Неретко од нас никој не можеше да не најде по цел ден, па родителскиот шамар беше дел од воспитувањето, а без злоставување во семејството. И никогаш немаше проблеми. Ги поминувавме деновите правејќи тркачки даски од отпад од подрум или шупа, се спуштавме низ улицата заборавјаќи дека не сме направиле кочници. После неколку паѓања, скршени прсти или модринки, научивме како да решиме проблем. Ние немавме имагинарни пријатели. Ние пријателите не ги додававме, туку со време ги стекнувавме! Немавме ни проблеми со концентрацијата во училиште. На нас не ни даваа таблети против хиперактивност. Ние немавме школски психолог и воспитувач па сепак завршувавме некакво училиште. Немавме playstation, нинтендо, x-box, никакви видео игри, немавме 99 канали на Телевизија, само два и тоа вториот дури од попладне, немавме видео рекордери, surround sound, мобилни, компјутери, интернет, чет соба ... Ние имавме и пријатели и се дружевме со нив! Паѓавме од дрво, знаевме да се пресечеме на стакло, да скршиме заб, нога или рака, но нашите родители никогаш не одеа на суд поради тоа. Градевме тврдини од снег, фрлавме петарди за Нова година, читавме тон стрипови и се тоа го преживеавме без последици. Се возевме со велосипед или одевме пеш, дотрчувавме до куќата на пријателот, му ѕвоневме на врата или едноставно влегуваме кај него дома да се дружиме и да бидеме заедно! Кога имавме проблеми со законот, родителите не плаќаа кауција за да не спасат. Всушност, беа построги отколку самиот закон. Последните 50 години беа најплодоносни години во историјата на светот. Нашите генерации ги дадоа најдобрите пронаоѓачи и научници до денес. Имавме слобода, право на грешки, успех и одговорност. И научивме да живееме со тоа. И ти и припаѓаш на таа генерација? Ти честитаме. Можеби ќе сакаш ова да го споделиш со останатите кои имаа среќа да пораснат како вистински деца, пред адвокатите, државите и владите да почнат да одредуваат како треба да се живее! Можеби би било добро да ја испратите оваа порака и до вашите деца да видат како нивните родители растеле Поздрав генерацијо и да живееме! Секој од нас е ангел со само едно крило, а да летаме можеме само прегрнати.“ 

Доколку вие сте од овие генерации, а имате нешто да додадете од тоа време и како се живеело тогаш, пишете ни во коментар.