Планирате да станете мајка? Оваа крвна група влијае на плодноста

Дали жените треба да раѓаат додека се млади или прво да градат кариера зависи од крвната група. Стручни лица од Универзитет во Њујорк предупредуваат дека дамите со 0 крвна група може да останат без здрави јајници или пак да имаат други здравствени проблеми поврзани со плодноста. „Истражувањата покажаа дека жените со 0 крвна група имаат помалку резервни јајце клетки отколку жените со друга крвна група. Жените со А и Б крвна група се заштитени од недостаток на здрави јајници. Жените со нулта крвна група ги немаат антигените А и Б, поради што имаат намален број на резервни јајце клетки“ вели др. Едвард Нејат од колеџот „Алберт Ајнштајн“. Со текот на годините, бројот на резервните јајце клетки се намалува, така да од просечните 2 милиони, во пубертетот изнесуваат 400 000, а по 40тите години изнесува околу стотина.