Плутон е во поход

Плутон продолжува со својот поход. На оние на кои им е нагласен, ќе внесат промени во животот и како бура ќе се преобратат. Ако не сте сигурни дали сте еден од оние на кои овој транзит ќе им го промени животот од корени, лесно ќе го препознаете неговото влијание. Во последно време може да се случи да ве изненадат настани како смртен случај, сознание дека на некој близок му се заканува опасност, изненадувачка преселба во друг град или држава, а можеби и појава на некоја личност, пред чие влијание сте немоќни. Тоа често може да биде и љубовна средба, личност која е како создадена за вас и пред која сите завеси паѓаат. Ова чувство не можете да го контролирате. Губите рутина, изморени сте за секојдневни обврски, сакате да се промените себе, сакате да го промените животот, стравот исчезнува, се буди волјата за живот и бунт против влијание на другите. Луѓето со нагласен Плутон често се несфатливи и делуваат како нестабилни и лабилни личности. Од една страна и се, бидејќи тој им донесува патолошки стравови од обични мали работи, живот, работен ден, возење автомобил, замислени болести, депресија. Овие луѓе тешко живеат мирен и обичен живот, бидејќи се престрашени од измислени ирационални стравови, но тие истите, кога Плутон проработува, кога е во прашање живот или смрт, покажуваат неверојатна сила, моќ и храброст. За големи работи, промени, да се живее живот без граници, без предрасуди тие се во ситуација и преку небото да преминат. Сега е нивното време и сега Плутон ќе ги буди и тера со куфер или без него, повторно да се вивнат во белиот свет. Зарем повторно, зарем сѐ од почеток, зошто токму мене, зарем никогаш нема да се откажам? Ќе наидете на многу прашања, но одговори нема да има. И сами знаете дека Плутон ги знае вашите најдлабоки желби, дека од Плутон не можете да скриете ниту една мисла, па затоа сега стиснете заби и прифатете ја својата судбина, својот пат. Ова е ваше време и вие сте подготвени за големи работи и додека не ги исполните, вашиот живот ќе биде еднаков на вулканска ерупција која се пали, урива, менува сѐ околу себе и повторно гаси, сè додека почвата и вашиот живот не примат онаков облик, каков што замислувавте во најсовршените сништа. Оваа недела е побурна од претходната, па и неговите аспекти ќе ги почувствувате прилично предизвикувачки. Веќе првиот ден Меркур ќе има квадрат со Плутон, па овде одлуките, разговорите и комуникација се прилично условени, напнати, често детерминирачки. Ако имате некои идеи, планови, нешто што ве развеселува и прилично долго размислувате за тоа, сега не ги откривајте своите мисли и планови. Може да наидете на неразбирање и неодобрување од страна на други. Еднаш кога сомнежот ќе влезе во вашето срце, тешко е подоцна да се ослободите од него. Ако баш не морате, а не морате, немојте да ги изнесувате своите интимни и лични мисли и желби. Избегнувајте луѓе со негативни и песимистички ставови, а ќе ги има прилично. Внимателно во возењето. Вториот ден Сонцето е во квадрат со Плутон.  Тоа допринесува да ви се ремети рутината. Сонце -Плутон претставува моќен маж, авторитет, може да биде и некој моќен бизнис партнер. Тој со одреден предлог, влегува во вашиот живот. Тој предлог го менува вашиот живот, но и финансиите од корен. Прилично предизвикувачка позиција на небото е кога Јупитер конечно во истиот ден застане на 00° Скорпион. Што донесува, а што однесува? Мора да бидете силни, да имате срце на Лав, сила на змеј и верба на приврзаник, за да може да го прифатите она што ви припаѓа. Аспектите во моментот кога Јупитер влегува во знак на Скорпион се исклучително предизвикувачки. Јупитер само ја зголемува моќта на Плутон, влегува во неговиот знак и му дава сила, но и верба и надеж. Многумина ќе се одлучат да го променат животот и да започнат нешто во странство. Желбата за странски јазик ќе биде многу силна, а секако и потребата да се промени финансиската конструкција. Па доколку сте подготвени на ризик и промени, земете го она што ви припаѓа. Следниот ден нема да ве изостави ни Сатурн со Марс. Толку колку да ви докажат дека сите работи кои доаѓаат од Плутон, доаѓаат по заслуга или казна. Контактот на овие планети често се наоѓа кај луѓето со кои владее Плутон и чиј живот е како Плутонова ерупција. Овие две планети, најчесто се во предизвикувачки аспекти, всушност имаат моќ на еден Плутон. Што е посилен аспектот, такво ќе биде на промените. Најсилен е во конјункција, па доколку уште го имате и Плутон на Асцендентот, првата куќа или во аспект со владетелот Асцендент, вие во тој случај не донесувате одлуки, тие сами се случуваат согласно вашата волја и влијание, а повторно по ваша тајна желба или сопствена замисла. Ваше е само да посакате, а сѐ останато да препуштите на времето и Универзумот, но мора да внимавате што мислите. Квадратот на Сатурн и Марс исто така е тежок. Разликата кај овие предизвикувачки аспекти е што не можат да се контролираат мислите, кои повторно се водени од некои сеќавања на претходни инкарнации, па животот изгледа трнлив. Кај опозицијата со време слабее, па не мора да има толку предизвици во животот, додека кај триаголникот постои можност за избор, но некогаш и кога можат овие луѓе, нема да ја искористат можноста на остварување на она што го сакаат, бидејќи на крај мрзеливоста на аспектот (Сатурн триаголник Марс) е надворешна само во физичка сила и истрајност без желба за исполнување со емоции. Ќе ве уриваат, кршат и повторно градат овие аспекти. Ќе бидат како бура и олуја и сѐ ќе изгледа еднакво силно и брзо. Ќе се смирите на крајот на неделава. Во петок ви се нуди Марс во триаголник со Сатурн, еден мирен ден по кој ќе може да ги сумирате настаните, впечатоците и мислите, а и добро да размислите за се. Кога е љубовта во прашања, одлуките чувајте ги за саботата, кога Венера конечно ќе заблеска во знакот на Вага и кога партнерствата ќе бидат наклонети и јасни. Уживајте во фините работи, добрите и мирни луѓе, бидејќи тоа Венера го исполнува. Одиграјте некоја игра на среќа (Јупитер во Скорпија), влезете во ризик, не плашете се од загуби (Јупитер во Скорпија), пријдете му на оној кој фатално ве привлекува, доближете му се на Плутон, ако сепак ве повикува љубовта, затворете ги очите и ќе го почувствувате најубавиот и најволшебен танц на љубовта (Венера во Вага).