,

Победникот на Евровизија има ново срце

Победникот на Евровизија Салвадор Собрал бил подложен на операција за пресадување на срце, објавија португалските медиуми. Операцијата била направена на 8-ми декември. Лекарите увериле дека трансплантацијата е успешна. Сега пејачот треба да помине низ долг процес на рехабилитација. Кон крајот на септември пејачот ги откажа сите свои концерти и најави дека слегува од сцената поради проблемите со срцето. На овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија во Киев, Собрал ја изведе португалската песна Амар Пелос Доис ("Љубовта е за двајца"), што беше високо ценета и од жирито и од публиката. https://www.youtube.com/watch?time_continue=35&v=ymFVfzu-2mw