,

Погледнете како Ким Кардашијан за само четири дена заработи 10 милиони долари

И покрај контроверзиите кои го следат нејзиното име и кланот Кардашијан/Џенер, Ким Кардашијан без сомнение знае како се заработуваат пари. Се што допирне- Ким го претвора во злато. Парфемот кој го лансираше Kimoji Hearts BFF, им го испрати на сите личности како и модни инфлуенсери, па дури и оние кои не ја сакаат како Тејлор Свифт. Илјадници од нив кои го добија парфемот во облик на розева рачно изработена срцолика кутија за чоколади, побрзаа со својот подарок да се пофалат на социјалните мрежи. Мрежите се „запалија“ а Ким стана жена тешка за нови 10 милиони долари за само четири дена. Ја сакале или не, не можете да и ја оспорите смислата за маркетинг и претприемништво.