(ГАЛЕРИЈА) ПОГЛЕД ВРЕДЕН МИЛИОНИ: Ѕирнете во раскошниот дом на славната Елен Де Џенерс

Со животната партнерка, актерката Портиа де Роси, раскошниот дом на калифорнискиот брег 59-годишната водителка Елен Де Џенерс го купи во 2012 година по цена од 168 милиони куни, а сега одлучила да го продаде под посредство на позната агенција за продажба на недвижнини и аукциски куќи Sotheby's по цена од 39,5 милиони долари. Воодушевувачкиот дом кој се протега на 10 илјади квадратни метри, е изграден во 1930 година со прекрасен поглед на Тихиот океан и околните планини. Славната Елен со годините ја стекна титулата могул на недвижнини благодарение на константното купување, реновирање и продажба на недвижнини во Јужна Калифорнија во последните 25 години. Главниот дом на луксузната недвижнина вклучува шест спални соби, девет камини и дневен престој кој се протега на 800 квадратни метри.     Екстериерот вклучува голем базен, тениски терен, класични дворни фонтани и гостинската куќа Јордан Хал која Елен дополнително ја изгради. Како во сите недвижнини кои ги поседува, славната комичарка и водителка била длабоко вклучена во реставрацијата и дизајнирање на величенствениот имот, а својата голема страст кон уредување на недвижнини ја преточи и во книгата со наслов „Дом“. Фото: Profimedia