ПОДГОТВЕТЕ СЕ, СТИГНА ВОДОЛИЈА: Пред вас е месец на промени, и решавање на големи љубовни промени

Симпатичната и нескротлива Водолија го зазема тронот на кој ќе се најде се до моментот кога ќе ја замени тивката Риба и им донесува на сите хороскопски знаци љубовни турбуленции. Сонцето влегува во Водолија давајќи ни доволно олеснувања по период на влијание на енергијата на Јарецот. Овој независен и слободоумен знак и ќе не натера да се свртиме кон некои други работи за разлика од оние кои ни ги препорача хороскопот. Секоја година, Водолијата донесува различна енергија со себе. Иако се поместуваме во мирната сезона на Водолија, која во чекор го следи и поместувањето на Венера, уште ќе мораме напорно да работиме. Оваа година Водолија ќе се потруди да ни помогне да видиме поголема слика во нашите љубовни животи. Понекогаш сме премногу фокусирани на тоа како работите би можеле да бидат наместо да ги видиме онакви какви се навистина, но во ова ќе ни помогне Водолијата. Сега е време да размислиме за тоа како сме комуницирале во врската , како се чувствуваме и сега за сите тие проблеми можеме да разговараме со партнерот. Понекогаш нашиот разговор за сериозни работи може да не зближи со партнерот, додека други зборуваат само за ситници и избегнуваат големи работи. Доколку претходните недели ви беа многу стресни, сега сте подготвени да поразговарате за се и да ги изразите своите чувства и еден на друг да си искажете благодарност за трудот кој двајцата го вложувате во врската. Ако во претходниот период вашата комуникација не беше добра и често се каравте, сега работите се менуваат, но имајте го на ум следново - љубовта е многу комплицирана не затоа што таа самата е таква туку затоа што луѓето се комплицирани. Љубовта не е само разменување на нежност, убави и слатки зборови, добар секс и уживање, туку созревање, прифаќање на предизвици и поддршка која еден на друг си ја давате како би станале најдобра верзија од вас самите.