,

Под мотото „ЗАЕДНО едни за други“ dm дрогерие маркт подари 200 пакети на социјално загрозени бездомни лица!

Новогодишните и божиќните празници се период кој го посветуваме на нашите драги личности, кои ни значат и кои сакаме да ги направиме среќни. Но постојат многу луѓе кои за престојните празници нема да добијат подарок. dm дрогерие маркт, под мотото {ЗАЕДНО едни за други} се потруди оваа година тоа да го промени. По повод новогодишните и божиќните празници, dm во соработка со своите добавувачи наполнија и подарија 200 новогодишни подарок пакети со производи за основна лична хигиена, а со задоволство напишаа и новогодишна честитка со што тежнеат да им подарат радост, да им ги исполнат срцата со топлина и за момент да внесат среќа во живот на оние кои се често заборавени - социјално загрозени и бездомни лица. Поделбата на новогодишните подарок пакети, со поддрша и посредство на Црвен Крст на град Скопје, се изврши на 3 пункта за згрижување на бездомни лица во Скопје. Оваа активност на dm, покрај хуманитарен карактер има за цел да испрати порака и до останатите компании и институции, дека постојат луѓе на кои секојдневно им е потребна наша помош, со надеж дека овој чекор ќе влијае инспиративно за останатите комапнии да се приклучат со свои иницијативи за помош на најранливите групи на население во Македонија.