,

Познатата балканска музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ на голем солистички концерт за прв пат во Скопје!

Единствената српска победничка на најголемиот музички настан – Евровизија, одлучи да ги израдува сите свои фанови од Македонија. На 17. Март 2018 година во Вип Арената Борис Трајковски, поп пејачката ќе одржи спектакл за паметење. Празник за уши за сите оние кои ја сакаат музиката и гласот на Марија Шерифовиќ. Публиката ќе има прилика да ужива во најголемите хитови како што се: МолитваБол до лудилаПаметна и лудаГорка храброст и многу, многу други.