,

Полицијата ја спаси на време: Лана Дел Реј за малку ќе завршеше во раце на киднапер

Полицијата од Орландо издала соопштение во кое пишува дека маж на возраст од 43 години е уапсен откако е откриено дека „ќе се обиде да ја киднапира пејачката Лана Дел Реј по концертот“. Лана Дел Реј настапувала во Амвеј центарот во Орландо, Флорида во петокот вечерта, кога Мајкл Хант планирал да ја киднапира. Полицијата добила дојава дека вооружен маж планира киднапирање и набрзо го уапсила. Кај него се пронајдени карти за концертот на Лана и нож. „УАПСЕН: Мајкл Хант -поради следење, обид за киднапирање и носење оружје. Полицијата прими дојава дека Хант претставува опасност и го уапси пред да и се приближи на пејачката Лана Дел Реј, вистинското име Елизабет Вулриџ Грант“, стои на Твитер страницата на полицијата во Орландо.