,

После овој совет косата нема да ви паѓа и ќе расте многу побрзо!

Позната новинарка од магазинот Allure била изненадена кога од фризер добила невообичаен совет против паѓање на косата-да стави малку цимет на темето и да го масира скалпот само неколку минути. Оваа информација подоцна ја проверила со нејзиниот дерматолог, а тој го објаснил тоа со фактот дека циметот е еден од најдобрите природни стимулатори за брзо растење на косата, како и тоа дека е ефикасен против опаѓање на коса. Дерматологот Франческа Фуско изјавила за магазинот дека нејзините пациенти се многу задоволни од овој совет. - На сите кои сакаат да го пробаат циметот како лек против губење на косата, им препорачуваме додавање на маслиново масло на лажица цимет за да се добие густа мешавина и да се масира скалпот неколку минути, а потоа да се остави „лекот“ да стои неколку часа. Остатокот од оваа маска може да се примени по должината на косата за да се зајакне косата и да не е кршлива.