,

Постпразнична еуфорија во Skopje City Mall

По сите празнувања исполнети со пријатни моменти и подароци споделени со семејството и пријателите, почетокот на годината носи многу новости и возбудувања. Причина повеќе за продолжување на празничната еуфорија е LAST MINUTE SALE во Skopje City Mall, со попусти и до 70%. Skopje City Mall никогаш не престанува да изненадува со најдобрите понуди на парчиња облека од омилените брендови, со козметика, модни додатоци или бела техника, во кое било време и сезона. Таму, на едно место, под еден покрив, може да најдете сè што ви недостасува, било да се работи за гардероба или за производи за домот. Затоа, не двоумете се, земете го вашиот паричник и упатете се кон еден од најголемите трговски центри во Македонија. Зашто таму ве очекуваат неверојатни попусти. Направете добар план пред да тргнете, задолжителни точки на шопинг обиколката и почнете. На приземје ве очекуваат неверојатни понуди на обувки од Bata, Aldo, Geox, подготвени за состаноци и дружби со Nine West, New Yorker, Mango, секогаш на време со My:Time, комплетирани со Parfois, Pandora … Продолжете нагоре во Arthur’s, Fashion & Friends, Lacoste, Mona… Пред да земете здив и направите пауза, не ги заборавајте Kares, JYSK, Neptun, Anhoch, AMC. Нивните понуди во рамките на LAST MINUTE SALE, со неверојатни попусти и до 70%, ќе ви дадат можност со ист буџет да купите не еден туку повеќе подароци за себе и најблиските. Шопингот секако знае да биде заморен. Но, Skopje City Mall не е само место за полнење на вашите гардеробери и опремување на дом, туку е и места за опуштање со пријателите, со пијалак или добра храна и доволно простор за да ги спуштите кесите и размислите што следно ви остана за купување, со цени намалени и до 70%. Еуфоричната состојба во која чувствуваме задоволство и интензивна среќа трае веќе од 19ти јануари до потрошување на залихите и ја доживуваме во Skopje City Mall. А што значи да си вистински еуфоричен? Едноставно, да излезеш од Skopje City Mall со полни раце подароци за себе и за најблиските.