,

Потрага по млади таленти викендов во Skopje City Mall

Дали Вашето дете поседува некаков талент? Сака да пее, да танцува, да глуми и да се снима? Во тој случај Skopje City Mall викендов е ваша задолжителна дестинација! Од денес на тридневниот Фестивал за деца ќе се избираат млади таленти во две возрасни групи (од 5-9 години и од 9-15 години) во неколку категории: пеење караоке, Just dance танцување, предизвик во глумење и правење на свое youtube видео. Со талент-видеото учествувате на Facebook натпреварот на официјалната FB страна на Skopje City Mall - https://www.facebook.com/SkopjeCityMall/. Доколку вашето видео е во ТОП 6 најлајкувани видеа (по тројца добитници во двете возрасни групи), токму Вашето дете ќе биде новото лицето на следните детски кампањи на трговскиот центар и ќе добие разни подароци. Сѐ што треба да направите е да го посетите Skopje City Mall со вашето дете и на лице место да се пријавите на пултот за регистрација (во одделот за храна) за време на аудициите или половина час пред секоја аудиција. Термини за снимање: петок: 19h – 21h; сабота: 12h – 14h и 19h – 21h; недела: 12h – 14h и 17h – 19h. Повеќе информации на http://skopjecitymall.mk/kidsfestival/.