,

Почина најстариот човек на светот на 113 години: Во што беше тајната на неговата долговечност?

Најстариот човек на светот Франциско Нунјез Оливеир почина завчера во 113 година од животот во својот дом во родното место Бејнвенида. Франциско под старите денови стана светски познат господин кога било утврдено дека бил најстар маж на светот. https://www.youtube.com/watch?v=4BTKkNrNj74 -Цело село плаче. Тажен ден за Шпанија и цел свет-рече градоначалникот на Бејнвенида. Жителите на ова село изјавиле за весникот Ел Периодико дека благодарение на Оливеир се слушнало за нив, дека било како туристичка атракција. Франциско зад себе оставил четири деца, 9 внуци и 15 паравнуци. Сите го знаеле под прекарот Марчено, по примерот на славниот шпански пеач Пепео Марчено.

Пред неколку дена го прославил 113 тиот роденден со торта и чаша млеко. Интересно е дека Оливеир бил многу витален се до својата 107 година. Секој ден одел на прошетка и зборувал со мештаните

Тајната на неговиот живот се криела во тоа што секој ден пиел чаша вино и зеленчук јадел само од својата градина.

Последен пат, кога во 111 година зборувал за шпанските медиуми, посакал да поживее уште некоја година, бидејќи сите пријатели одамна му починале. Желбата му се исполнила.

Оливеир на тронот најстари мажи на светот ќе го наследи Јапонецот Масазоу Нонаку кој има 112 години и 189 дена.

https://www.youtube.com/watch?v=PWpvvzHUcjY